Вардар продаде 15.000 билети – огромен интерес за натпреварот со Црвена Звезда

by Стефан
1 минути читање

Според досегашниот број на продадени билети голем интерес владее за хуманитарниот натпревар кој во Скопје на 16 април ќе го играат Вардар и Црвена Звезда.

Од редовите на Вардар денеска информираа дека за натпреварот веќе се продадени 15.000 билети што е околу половина од капацитетот на арената „Тодор Проески“.

Организаторите објавија и дека ќе има фан-зона за гостинските навивачи од Белград и истата ќе биде поставена кај фонтаната во Градски парк. Предвидено е фановите на српскиот гигант да бидат сместени на Источната трибина.

Вардар потенцира и дека билетите се нуменирани контролирани со цел да нема неовластено или прекумерно влегување на стадионот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани