211
„Црвено-црните“ продолжуваат да го кројат тимот за новата сезона, попладнево беше потврден ангажманот на Николче Шаркоски.
Вардар донесе засилување за офанзивата, најтрофејниот македонски клуб денеска стави потпис на едногодишна соработка со Николче Шаркоски.
Неговата примарна позиција е десно крило, но може да одработи уште неколку улоги во средниот ред.
Николче Шаркоски изминатава сезона беше дел од Воска, а во својата кариера има настапувано за Работнички, Победа и Брера.
На 193 настапи во ПМФЛ, има постигнато 25 погодоци и забележано 21 асистенција.