364
Екипата на Вардар доживеа пораз во третиот натпревар на подготовките во Анталија и тоа од украинскиот Верес Ривне со 2:1.
Натпреварот и двете екипи го започнаа со комбинирани состав, а Верес беше подобар и поведе и со 2:0. Вардар единствениот гол во натпреварот го постигна од пенал во 83. минута.
Пеналот за Вардар беше изнуден од новото засилување кое вчера беше потврдено од Брера, Роџерс Мато.
До крајот на подготовките Вардар во Анталија ќе одигра уште два дуели и тоа против Аквитал Чаквар од Унгарија на 31 јануари и Рапид Виена 5 на февруари.