Вардар со моќна партија го прегази Шкупи и славеше со убедливи 6-1 во дербито од 15 коло во ПМФЛ, одиграно во тренинг центарот „Петар Милошевски“. Домашните од самиот почеток ја контролираа играта и ја искористија слабата форма и проблемите на ривалот.
По неколкуте почетни обиди, вардарци го скршија отпорот на гостите во 36 минута кога Горан Закариќ погоди од дваесетина метри. Само една минута подоцна Босанецот се најде осамен на втората статива и со лесна реализација донесе водство од 2-0.
Веднаш по одморот следеше и третиот гол. Михаил Талевски погоди од пеналтикот во 47 минута, а десетина минути подоцна Азер Омерагиќ беше заборавен пред голот и ја смести топката во мрежата за 4-0. Гостите намалија преку Марио Станковски кој искористи грешка на домашниот голман, но Вардар брзо ја врати контролата. Омерагиќ до крајот уште двапати го матира Максимилијан Гроте комплетирајќи го својот хет-трик (6-1).
Вардар со овој триумф ја продолжува добрата серија и остана лидер со 39 бода, додека Шкупи потона уште подлабоко во кризата.