Вардар подобар од Работнички во градското дерби

by
1 минути читање

Вардар ја оправда фаворитската улога во градското дерби и со 2-0 го совлада Работнички.

Резултатот беше отворен на пет минути пред крајот на првото полувреме кога Демири убаво го проигра Којашевиќ кој реализираше за водство на Вардар од 1-0.

Минималното водство на Вардар беше актуелно се до судиското продолжение од мечот кога Николов ги постави конечните 2-0.

Шкендија дојде до лесна победа од 5-1 над Македонија Ѓорче Петров која се подлабоко тоне кон втората лига.

Меџедовиќ постигна хет три, Бесарт Ибраими реализираше два погоди, почесниот гол за Македонија Ѓорче Петров беше дело на Иваноски.

Пелистер го забележа и третиот пораз по ред, овој пат загуби на гостувањето кај Шкупи со минимални 1-0. Стрелец на голот беше Бајрами.

Силекс со убедливи 3-0 ја победи Ренова, а немаше голот на мечот помеѓу Победа и Брегалница.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани