Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар попладнево ги започна подготовките за новата сезона, тренерот Горазд Михајлов најави седум до осум нови засилувања.
„Црвено-црните“ ја направија првата прозивка во тренинг-кампот во Хиподром и ги започнаа подготовките за новата сезона во ПМФЛ.
Во скоро време ќе биде официјализирана новата сопственичка структура, новиот спонзор, а со тоа и новите амбиции во клубот.
Тренерот Горазд Михајлов најави дека ќе пристигнат седум до осум нови засилувања.
„Можеби малку доцниме со стартот на подготовките, но важно е да се има желба. Имаме нови спонзори, нови сопственици и заедно со нив и нашите „Комити“, ќе успееме да го вратиме клубот каде што припаѓа – на самиот врв“ – порача Горазд Михајлов.
„Не сакам да шпекулирам со имиња, но можам да потврдам дека сме во преговори со повеќе фудбалери и верувам дека ќе направиме респектабилен тим. Ни недостасуваат седум до осум нови играчи, за да има конкуренција на секоја позиција. Во тимот го имаме и Дарко Мицевски, кој се врати од повреда и кој ќе ни биде од голема помош“.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.