Вардар почна со одблокирање на сметката и враќање на долговите

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Вардар објави соопштение преку својот веб-сајт поврзано со финансиските проблеми.

Раководството на црвено-црните постигна два многу важни договори поврзани за долговите од минатото. Тоа е патот до одблокирање на клупската сметка поради заостанатите неисплатени суми од претходните раководства.

АД ФК Вардар – Скопје ја известува заинтересираната јавност дека стартуваше со одблокирање на сметката на клубот која беше блокирана од сите претходни раководства во последните 8 години.

Денеска стартуваат два договори. Со приложена 120% гаранција исплаќање на долгот кон УЈП на 36 рати и исплаќање на долгот кон АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на 10 рати“, стои во соопштението.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×