Вардар по подолго време се враќа на Градски!

by riste
0 минути читање

Третата рунда од сезоната Вардар ќе ја почне на Градски против Брера, црвено-црните по неколку месеци повторно ќе играат на „својот“ стадион.

Вардар во сабота со почеток од 14:30 часот ќе ја пречека Брера на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Тоа е прв меч за црвено-црните на стадионот по дуелот против Тиквеш кој се играше на 9. ноември.

Картите за мечот меѓу Вардар и Брера се веќе пуштени пореку „МКТикетс“, а влезници ќе има и на билетарата на стадионот на денот на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×