Вардар по осум години ја деблокираше сметката

by riste
1 минути читање

ФК Вардар соопшти дека сметката на клубот конечно е деблокирана откако се вратени и последните долгови.

Извршниот директор на АД ФК Вардар, Г-дин Миленко Неделковски, ја известува заинтересираната јавност дека комплетно се исплатени долговите кон:

Дарко Панчев – 4.134.855.00 денари.
Владица Брдароски – 8.759.744.00 денари.
Бендџамин Демир – 6.100.000.00 денари.
Михајло Костиќ – 8.834.415.00 денари.
Александар Игески – 935.353.00 денари.
Фитнес Инфинити – 2.014.562.00 денари.
ЕАМ ДОО Штип – 263.006.00 денари.

Исто така се информира јавноста дека сметката на АД ФК Вардар од 09 април 2025 година е одблокирана, со што клубот после цели осум години повторно функционира по сите законски норми и прописи“, стои во соопштението на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани