Вардарци имаа лоши изданија во првите три кола од Лига Европа, особено очајно одиграа во минатото коло против Реал Сосиедад кој дури шест пати ја тресеше мрежата на нашиот шампион.
„Црвено-црните“ се во криза, во последните три домашни натпревари освоија само еден бод од можни девет, па Чеде Јаневски и неговите фудбалери сакаат токму Сан Себастијан да биде местото од каде ќе се случи пресвртот оваа сезона.
На Вардар не му се даваат речиси никакви шанси за победа, но тие со максимална борбеност и концентрација во текот на сите 90 минути треба да остават сериозен впечаток и да покажат дека можат многу повеќе од изданието во Скопје.
Денеска во 18:30 ја имаат редовната прес конференција, а од 19 часот и официјалниот тренинг на стадионот „Аноета“ каде што ќе се игра натпреварот.
Мечот се игра утре (четврток) со почеток од 21:05 часот.