Градското дерби помеѓу Работнички и Вардар на „Тодор Проески“ заврши без голови, „црвено-црните“ успеаја да го запрат лидерот.
Во 11. коло од ПМФЛ, Работнички и Вадар ги поделија бодовите во градското дерби на „Тодор Проески“ во Скопје.
„Романтичарите“ беа тие кои се нaметнаа во првото полувреме, имаа неколку закани по голот на „црвено-црните“ но завршницата беше лоша, па Гачевски лесно ја сочува својата мрежа.
Во продолжението од натпреварот, двете екипи играа без поголем ризик на теренот, па мечот заврши со почетниот резултат, 0-0.
Силекс со 2-0 славеше против Беса, Шкупи со 3-1 славеше против Тиквеш, а најубедливата победа денеска ја оствари Гостивар, триумфираше со 4-1 над Брера Струмица.
Дербито помеѓу Шкендија и Струга заврши 1-1, а истиот резултат гласеше и на пресметката помеѓу Воска и Пелистер.