Вардар стигна до
нова победа во Битола, во претпоследното коло од првенството, избраниците на
Седловски со 2-3 го добија вечниот ривал.
По половина час
игра, Николов искористи една грешка на домашната одбрана и ги донесе
„Црвено-црните“ во предност од 0-1.
Само неколку минути
подоцна, Вардар го зголеми водството преку Петковски.
Илијоски во 78.
минута од пенал намали на 1-2, но пред самиот финиш, Фелипе со прекрасен гол од
слободен удар ги реши сите дилеми околу победникот и ги врати гостите во
предност од два гола.
Бујчевски во
третата минута од судиското надополнување само го ублажи поразот и ги постави
конечните 2-3.
Победа со 0-3
славеше на гостувањето кај Работнички и со овие три бода обезбеди опстанок во
најслиното првенство на Македонија.
Шкупи беше
поразен со 1-0 во Кратово против Силекс, па клубот од Чаир преку бараж ќе брка
останување во ПМФЛ.
Македонија ЃП со
5-3 славеше над Брегалница, а осум погодоци паднаа и на дуелот помеѓу Ренова и
Шкендија, кој на крајот заврши со реми 4-4.