113
Вардар загуби
убедливо со 0-5 на домашен терен од Зенит во првото коло од групата „Л“ од Лига
Европа, рускиот тим беше доминантен, но не до тој степен колку што нашиот
претставник беше непрепознатлив на теренот.
Сепак,
ситуацијата ја спасија вардаровите навивачи, популарните Комити кои заслужуваат
чиста десетка како оценка од вечерашниот меч кој се одигра на „Националната
Арена Филип Втори“ во Скопје. Комитите навиваа до крајот и по крајот на
средбата, а беа неуморни во навивањето и во моментите кога Зенит ја полнеше
мрежата од голот на нашиот шампион.