Реал Сосиедад има
минимално водство од 1-0 по првото полувреме на мечот против нашиот претставник
Вардар кој мака мачи како да стигне до противничката половина на мечот во Сан
Себастијан, а камо ли пак да дојдат до посериозна шанса.
Мирно тргнаа и едните и
другите, а домаќините имаа голема доминација во почетната фаза од првото
полувреме, за тоа најдобро говори тоа што Реал Сосиедад имаше 77% посед на
топката до 14. минута, но Вардар добро покриваше.
Зурутуза ја имаше првата
посериозна шанса на мечот во 15. минута, но неговиот обид мина крај левиот
дирек на вардаровиот гол.
Домаќините полека но
сигурно ја плетеа мрежата околу голот на црвено-црните, па стигна нова шанса, и
тоа на Навас во 22. минута, но интервенција имаше Гачевски.
Вардаровиот голман
одлично го бранеше својот гол, а следеше нова интервенција три минути подоцна
откако го одбрани ударот на Ојарзабал кој беше доста прецизен, а на одбиената
топка реагираше Хуанми кој ја затресе мрежата но од офсајд ситуација.
Голот од офсајд на
Хуанми беше оправдано поништен, а само неколку минути подоцна истиот фудбалер
го постигна водечкиот гол за Реал Сосиедад во 31. минута од мечот во Сан
Себастијан.
Хуанми можеше да го
дуплира водството на домаќините во финишот од првиот дел, но на сцена повторно
настапи Гачевски кој со фантастична интервенција го одржа во живот нашиот
шампион на овој меч.
Единствено Марковиќ имаше каква-таква шанса за нашиот претставник во првото полувреме, но истата не беше толку опасна кон голот на домаќините.
Вардар: Гачевски,
Глишиќ, Грнчаров, Новак, Хамбарѕумјан, Марковиќ, Николов, Фелипе, Џигаури,
Итало и Барсегјан.
Мечот во Сан Себастијан
го суди австрискиот арбитар Роберт Шоргенхофер.
Фото-вест: mundodeportivo.com