21
Oд редовите на Вардар инфомираа вечерва дека е закажана комеморативна седница во чест на Васил Рингов.
Седницата ќе се одржи в недела од 12:00 часот.
„Фудбалскиот клуб Вардар во недела во 12.00 часот во Дијамантската сала на хотел Хилтон, ќе одржи комеморативна седница во чест на легендата на македонскиот фудбал Васил Рингов. ФК Вардар ги поканува сите љубители на фудбалот, навивачи на клубот, почитувачи на Васе Рингов да присуствуваат и да му одадат почит на една од најголемите фудбалски легенди на клубот и државата“, соопштија од Вардар.
Рингов почина пред два дена на 70-годишна возраст, а во својата кариера собра над 200 настапи за Вардар во кои постигна 93 гола.