Вардар на пладне го дознава можниот противник во третото коло, „Црвено-црните“ нема да бидат помеѓу носителите

by
0 минути читање

Ждрепката во Нион започнува во 12 часот, а Вардар е сместен во Групата 1 и тоа помеѓу екипите кои не се носители.

Помеѓу можните противници, најзвучно име е Селтик, под услов шампионот на Шкотска да добие двомечот со Линфилд.

Копенхаген и Легија Варшава исто така се квалитетни противници, и тие со една нога веќе се во третото коло по убедливите победи на првите натпревари над Жилина односно Мариенхам.

Подобриот од дуелите МариборЗрињски и БАТЕ БорисовАлашкерт веројатно се противници по мерка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани