Вардар може да налета на Трапановски, Работнички на Шишковски!

by Стефан
1 минути читање

По вчерашната жрепка, македонските фудбалски клубови кои учествуваат во европските квалификации денеска ги дознаа и своите потенцијални ривали за второто коло.

Вардар, како освојувач на Купот на Македонија, ќе има можност да се соочи со најлесниот можен противник – тимот на Ла Фиорита од Сан Марино. Ако вардарци ја минат оваа пречка, можат да се сретнат со Данди јунајтед на македонскиот интернационалец, Кристијан Трапановски. Останати потенцијални противници за Вардар во второто коло се: Санта Клара, Балкани, Шамрок Роверс и Лозана.

Од друга страна, Работнички во второто коло, ако го елиминира Топредо-Белаз од Белорусија во првото може да се соочи со Борац Бања Лука, каде што брани македонскиот голман Дамјан Шишковски. Преостанатите потенцијални противници на Работнички се: Макаби Хаифа, Арарат, Австрија Виена и Пушкаш Академија.

Силекс кој во првото коло ќе го одигра против Дечиќ од Црна Гора може се соочи со Рапид Виена, Јагиелонија, Универзитате Крајова или победникот од двобојот меѓу Атлетик Клуб Десалдес и Дуделанж, како и помеѓу Биркиркара и Петрокаб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×