68
Поради одржувањето на Суперкупот на 8. август, УЕФА не му го даде целиот капацитет на „Телеком Арената“, во продажба беа пуштени билети само за јужната и два блока од западната трибина.
Интересот за натпреварот е голем, билетите се распродадени, Вардар ќе ја има поддршката од околу 12.000 гледачи.
Натпреварот помеѓу Вардар и Копенхаген започнува од 20:00 часот, оние кои нема да дојдат на стадионот, можат да проследат директен пренос на ТВ Нова.