Вардар ја продолжи соработката со „Новоматик“, потпиша нов договор вреден милион евра

by bojan
1 минути читање
Вардар ја продолжи соработката со Новоматик

„Новоматик Македонија“ останува генерален спонзор на Вардар, двете страни си подадоа рака за нов договор вреден милион евра.

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар и во иднина ќе ја има поддршката на „Новоматик“, попладнево беше официјализирана новата соработка.

„Спортската бајка продолжува, во наредната година „Новоматик Македонија“ и ФК Вардар го продолжуваат договорот за генерално спонзорство со вкупна вредност од 1 милион евра“ – рече претставникот на „Новоматик Македонија“, Петар Пенчев.

„Наша заедничка цел останува да придонесеме за македонскиот спорт преку поддршка на клубот кој е симбол на силен спортски колектив и кој ќе биде предводник на новата ера успех“.

На средбата со новинарите присуствуваше и капитенот на Вардар, Горан Закариќ, кој се заблагодари за поддршката.

„Младите гледаат пример во професионалните спортисти и се идентификуваат со нивните индивидуални и колективни спортски успеси. Затоа, секоја компанија која инвестира во спортот, всушност инвестира во здрава и просперитетна младина“ – вели Закариќ.

„Импресивни се заложбите на „Новоматик Македонија“ да го поддржи планот за обнова на спортското реноме на ФК Вардар, и како капитен сакам да ја изразам нашата благодарност што фудбалерите продолжуваат да го даваат својот максимум за да ги оправдаат очекувањата“.

По периодот поминат во втора лига, Вардар минатата сезона го освои Купот на Македонија и избори пласман во Конференциска лига, каде во првото коло од квалификациите ќе се сретне со Ла Фиорита.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×