Екипата на Вардар денеска соопшти дека ја продолжува соработката со камерунскиот фудбалер Данел Донгмо, кој минатото лето пристигна во таборот на „црвено-црните. Донгмо, кој има 24 години, во Вардар дојде од вториот тим на Троа, а беше дел и од репрезентацијата на Камерун до 23 години.
Во изминатата сезона, Донгмо беше еден од најважните играчи во тимот и запиша 33 настапи во сите натпревари. Во тие настапи, фудбалерот од средината на теренот постигна два гола и запиша две асистенции. Двата погодоци ги постигна во Купот на Македонија, еден против Новаци во првата рунда и вториот во четвртфиналето со Силекс.
Договорот што го потпиша Донгмо со Вардар е на една година, со можност за продолжување на уште една сезона.