228
Лозана води со 3-0 против Вардар по првите 45 минути на реваншот во Швајцарија, вкупниот резултат сега е 4-2 за противникот.
Лозана поведе во 15. минута од својата прва шанса кога Дусен погоди со глава по еден центаршут од корнер.
Вардар можеше веднаш да израмни, имаше тројна шанса преку Мато, Омерагиќ и Јанкулов, но не реализираа.
Во 33. минута по една убава акција Кали Сене мајсторски го лобуваше Талески за водство на Лозана од 2-0.
Течеше втората минута од судиското продолжение кога по третпат беше измамена одбраната на Вардар, Сене даде уште еден гол за 3-0.