Вардар има херои кои на Илинден ќе му го донесат најголемиот клупски успех

by
1 минути читање

На големиот национален празник „Илинден“, играчите на Вардар имаат шанса да испишат фудбалска историја, „црвено-црните“ да станат првиот македонски клуб кој играл во групна фаза од европските клупски натпреварувања.

Вардар има шанса како никогаш досега, водство од 1-0 и противник кој не покажа речиси ништо на „Филип Втори“ Арената во првата пресметка.

Вечерва во Копенхаген фудбалерите на Вардар можат да станат херои, чии имиња вечно ќе бидат запишени во историјата на клубот.

Фудбалерите на Гоце Седлоски треба да истрчаат без респект за противникот, со активна и офанзивна игра да го „бранат“ резултатот од првиот меч и со постигнување на гол да ја завршат работата.

„Не смееме да се браниме, мора да постигнеме барем еден гол, доколку го направиме тоа, Вардар оди понатаму. Ако не сме подготвени за овој меч, не знам за кој би биле“ – вели капитенот Бобан Грнчаров.

Со елиминација на Копенхаген, Вардар ќе се пласира во плејофот од Лигата на шампионите, а доколку победи таму ќе игра во групната фаза на ова натпреварување, доколку загуби ќе има место во Лига Европа.

Денес е денот кога Вардар треба да стане првиот македонски клуб кој ќе живее европска есен. Сите предуслови се исполнети, ако момците одиграат на своето ниво ќе ја израдуваат „црвено-црната“ армија навивачи.

Натпреварот помеѓу Копенхаген и Вардар започнува од 20 часот, директен пренос ќе има на ТВ Нова.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани