Вардар им се врати на победата откако денеска ја оправда улогата на фаворит и го победи Скопје со 3-0.
Скопје одолеваше на нападите до пред крајот на првото полувреме кога Фелипе постигна гол за водство од 1-0.
Во 66. минута Максимов со својот првенец за Вардар зголеми на 2-0, а Џигаури пред крајот на мечот ги постави конечните 3-0.
Работнички со гол на Џофреи во 35. минута поведе против Шкендија во Тетово, но водството не траеше долго.
По една мешаница по слободен удар на Хасани, Радевски се снајде најдобро и со глава го изедначи резултатот во 40. минута.
Долго време беше нерешено, во 82. минута Ферхан Хасани погоди за комплетен пресврт и победа на Шкендија од 2-1.
Академија Пандев доживеа пораз на свој терен откако загуби од Победа со 1-0. Со ист резултат Силекс славеше на гостувањето кај Шкупи. Пелистер со 2-1 ја совлада Ренова.
Табела:
1. Шкендија 34
2. Вардар 23 (-2)
3. Силекс 22
4. Академија Пандев 21 (-1)
5. Ренова 17
6. Работнички 16 (-1)
7. Пелистер 15
8. Победа 15
9. Шкупи 15
10. Скопје 9
Во заграда е бројот на заостанати натпревари.