По поразот од Шкендија во Тетово, Вардар им се врати на победите триумфирајќи убедливо против Победа од 4-0. Црвено-црните доминираа во текот на целиот меч и на крајот заслужено славеа.
Натпреварот беше отворен во 27. минута со гол на Фелипе, пред крајот на првиот дел Блажевски зголеми на 2-0. Третиот гол за Вардар го постигна Џигаури во 69. минута, а точка на натпреварот стави Којашевиќ на три минути пред крајот.
Шкендија полека ги губи сите шанси во битката за титулата, денеска одигра само 1-1 на гостувањето кај Шкупи.
Тетовскиот тим имаше водство со гол на Хасани во првото полувреме, но Шкупи преку Асани во вториот дел го изедначи резултатот.
Со ист резултат заврши и дуелот помеѓу Ренова и Работнички. Домаќините водеа со погодок на Нафиу, на десет минути пред крајот Мишковски со автогол изедначи на 1-1.
Пелистер со 3-1 на свој терен го совлада тимот на Македонија Ѓорче Петров, Силекс со 3-2 ја совладаа Брегалница во Кратово.