Вардар и Струга попладнево одиграа возбудливо реми 2-2 во натпревар кој можеби беше и најдобар од почетокот на сезоната во ПМФЛ
И двете екипи влегоа храбро и офанзивно, создавајќи бројни шанси пред двата гола. Гостите од Струга први го отворија резултатот во 19. минута преку Шабани, а тоа беше и единствениот гол во првиот дел.
Вардар доби голема прилика во 56. минута да се врати, но Мато не успеа да реализира пенал. Сепак, само пет минути подоцна, се „извади“ со мајсторски погодок и го израмни резултатот. Радоста на домаќините не траеше долго, веќе во 63. минута Компаоре со удар со глава повторно донесе водство за Струга.
Во финишот се редеа прилики на двете страни, Малески во 90. минута пропушти идеална шанса за Струга да ја реши средбата, а пропуштеното им се врати веднаш на спротивната страна со гол на Јанкулов за конечни 2-2.
По осум одиграни кола, Струга останува лидер со 22 бода, Вардар е веднаш зад неа со 21, додека Шкендија со натпревар помалку има 20 бодови.