Вардар и Славија Прага водат битка за одличниот напаѓач на Спартак Суботица

by
1 минути читање

Иако изминатиов
викенд, на пресконференција за медиумите, спортскиот директор на македонскиот
првак, Дарко Панчев истакна дека квотата за странци во тимот е пополнета,
сепак, српски „Журнал“ пренесува дека Вардар е во битка со Славија Прага за 2
1 годишниот офанзивец на српскиот суперлигаш
Спартак Суботица, Ѓорѓе Ивановиќ.

За брзоногиот
напаѓаќ стигнаа две понуди, и тоа конкретни, Славија Прага и скопски Вардар се
борат за одличниот напаѓач, и двете екипи веќе присуствуваа на натпревар на
Спартак Суботица и во живо можеа да утврдат дека станува збор за одличен
офанзивец
“ пишува „Журнал“.

Станува збор за
мечот од последното коло во српската Суперлига, каде тимот од Суботица со
петарда го понижи тимот на Војводина на негов терен, а два погодоци беа дело
токму на Ивановиќ.

Ивановиќ на седум
настапи сезонава во тамошниот шампионат на Србија досега постигна 4 погодоци, а во
нападот на овој тим соиграч му е 19 годишниот македонски интернационалец Емил
Абаз.

 

Извор/Фото-вест:
zurnal.rs

Можно е и ова да ти се допаѓа

×