Вардар и Шкупи во Струмица ќе играаат без публика

by Стефан
1 минути читање

Попладнево, со почеток од 16:30 часот на стадионот во Струмица, ќе се одигра првиот натпревар од четвртото коло во кое ќе се соочат екипите на Шкупи и Вардар. Натпреварот, сепак, ќе мине без публика, бидејќи двете навивачки групи нема да бидат присутни на трибините.

Од редовите на Шкупи соопштија дека на нивно барање било договорено со Вардар средбата да се одигра без навивачи, што претставува разочарување за „Комитите“, кои по подолг период нема да можат да ја дадат својата поддршка од трибините.

Натпреварот наместо во Чаир се игра во Струмица, бидејќи домаќинот не успеа да обезбеди технички услови за користење на ВАР технологијата, па беше потребно да се побара алтернативен стадион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×