Малме со
минимална предност од 0-1 по првите 45 минути игра на реванш средбата против
Вардар која се игра на терен на нашиот шампион.
Почетната фаза од
мечот на стадионот „Младост“ ветуваше многу во играта на нашиот претставник,
кој имаше мини-доминација во првите неколку минути, каде шведскиот првак немаше
идеја во играта.
Сепак, и покрај
тоа што немаше игра, Малме поведе со гол од пенал во 16. минута, по прекршокот
што го направи вардаровиот голман Гачевски врз Бергет. Сигурен реализатор од
белата точка беше Розенберг.
Главен арбитар на мечот кој се игра на стадионот „Младост“ е
Украинецот Анатоли Жабченко, токму тој го привлече гневот кај вардаровите фанови кои по неговата одлука за пенал за гостинскиот тим почнаа да скандираат„УЕФА мафија…“.
Ситуацијата со
украинскиот арбитар кулминираше три минути по пеналот за гостите, кога Балотели
беше намерно спречен од Брорсон, но фудбалерот на гостите доби само жолт
картон, иако лесно можеше Малме да остане со играч помалку во оваа ситуација.
Брорсон мина само
со предупредување по прекршокот над Барсегјан во 34. минута, во моментите кога
се очекуваше искллучување за фудбалерот на Малме, тој доби само опомена, а
Вардар доби прилика да нафрли во казнениот простор на гостинот, но тоа го
направи неуспешно.
На трибините
имаше и мали инциденти по изливот на нервоза по неколкуте одлуки на Украинскиот
судија кои не им се допаднаа на вардаровите навивачи. За истиот настан пренесоа и шведските медиуми.
Кобно можеше да
биде невниманието во одбраната на нашиот шампион на само 3 минути пред истекот
на регуларните 45 минути игра во првиот дел, но Јотун биеше непрецизно.
Вардар беше оштетен во самиот финиш на првото полувреме, кога играњето со рака во казнениот простор на Левицки не беше санкционирано со пенал од украинскиот судија по корнер ситуацијата за нашиот претставник.
За реванш мечот
во Струмица, стратегот од клупата на македонскиот шампион, Гоце Седлоски се
реши за една промена во почетниот состав, па така наместо Бесир Исени, од
првата минута настап забележа искусниот Никола Глигоров во средниот ред.
Почетниот состав
на Вардар: Гачевски,
Грнчаров, Спировски, Барсегјан, Глигоров, Хамбарѕумјан, Николов, Новак, Демири,
Фелипе и Балотели.
Како за
потсетување, подобриот од двомечот помеѓу Вардар и Малме ќе се сретне против
подобриот од дуелите помеѓу Копенхаген и Жилина.