Вардар го „украде“ Михаил Талевски од Пелистер!

by 24 фудбал
1 минути читање

Скопски Вардар комплетира уште едно засилување за втората полусезона во ПМФЛ, а се работи за фудбалер кој доаѓа од ривалот Пелистер.

Нов напаѓач на „црвено-црните“ е Михаил Талески. 20-годишникот кој одлично се покажа играјќи за Пелистер се реши за промена на средината. Од битолскиот клуб нагласија дека се обиделе да го задржат Талевски, меѓутоа не успеале во намерата.

Талевски е дете на Работнички, но во Битола се пресели во 2020 година. По две сезони направи трансфер во Осијек, а една година подоцна се врати во Пелистер. Оттогаш доби шанса и играше во првиот тим.

Сезонава младиот Михаил Талевски беше еден од носителите на играта, иако нема директен учинок во погодоците на 18. настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани