213
Аргентинскиот интернационалец Диего Кастањеда и во следните две сезони ќе ги брани боите на „црвено-црните“, потврдија од редовите на Вардар.
Новиот договор ќе важи до јуни 2028 година, со што Кастањеда ќе остане еден од клучните фудбалери во составот на скопскиот прволигаш, кој има високи амбиции за шампионската титула.
Играчот од средниот ред ја започна својата кариера во Аргентина, а во редовите на Вардар пристигна од црногорскиот клуб ОФК Петровац. Во тековната сезона одигра девет натпревари и постигна два гола под водство на тренерот Гоце Седлоски.