Вардар го продава Донгмо во Романија

by riste
0 минути читање

Даниел Донгмо заминува од Вардар, кариерата ќе ја продолжи во романското првенство, во тимот на Петролул.

Камерунскиот играч кој важи за еден од најдобрите во Вардар, ќе се раздели со македонскиот клуб. Вардар ја прифатил понудата за него.

Петролул е следната дестинација за Донгмо, романскиот клуб е на десеттото место по шест одиграни кола.

Камерунецот ова лето стави потпис на нов договор со Вардар, со трајност до 2027 година, но веројатно до македонскиот клуб пристигнала добра понуда.

Неговата вредност се проценува на 150.000 евра, но не е познато за колку пари ќе замине од Вардар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×