Вардар го победи Пелистер, нов кикс на Шкендија

by
1 минути читање

Вардар ја продолжува доминацијата во македонското првенство и се оддалечува на врвот пред другите, денеска славеше со 3-1 над Пелистер.

Резултатот беше отворен уште во 12. минута кога Балотели го отвори резултатот за водство на Вардар од 1-0.

Во 41. минута Спировски постигна гол, а три минути подоцна Барсегјан реализираше фантастичен погодок од далечина за убедливо водство од 3-0.

Во второто полувреме Пелистер успеа само да го намали резултатот со гол на Ковачев од пенал.

Шкендија е во криза, уште еден доказ за тоа беше денешниот меч против Ренова на кој Тетовчани се спасуваа од пораз со гол на Ибраими во 83. минута. Натпреварот заврши 1-1, а Ренова водеше со погодок на Велинов.

По ова коло Вардар има дури 11 бодови повеќе од Шкендија.

Брегалница со 1-0 го победи тимот на Македонија Ѓорче Петров, а немаше погодоци на дуелот помеѓу Шкендија и Ренова.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани