Нов триумф за Вардар со кој црвено-црните не дозволуваат позицијата која води во Европа да им биде доведена во прашање, денеска падна Силекс. Единствениот погодок беше дело на Цветановски по десет минути игра во вториот дел.
Во корист на Вардар одеа и резултатите од другите натпревари, односно поразите на Ренова и Шкупи.
Ренова со 2-1 загуби на гостувањето кај Академија Пандев во меч со интересен финиш. Домаќините поведоа со гол на Дориев во 40. минута, Мустафов изедначи во 83., а во самиот финиш Стоилов донесе победа за Пандевци.
Шкупи со 2-0 загуби кај Беласица која конечно дојде до триумф. Головите беа дело на Георгиев и Савиќ.
Шкендија немаше проблеми со Победа, славеше со 5-1. Головите за Тетовци ги постигнаа различни стрелци, Алими, Тотре, Бејтулаи, Радески и Жуниор. Макота погоди за Победа.
Немаше победник на скопскиот дуел меѓу Македонија Ѓорче Петров и Работнички. Мечот заврши 1-1. Домаините поведоа со гол на Кировски во 63. минута, само пет минути подоцна Шаркоски изедначи на 1-1.
Резултати:
Вардар – Силекс 1:0
Академија Пандев – Ренова 2:1
Беласица – Шкупи 2:0
Шкендија – Победа 5:1
Македонија ЃП – Силекс 1:0
Табела:
1. Шкендија 56
2. Вардар 48
3. Академија Пандев 45 (-1)
4. Ренова 33
5. Шкупи 33
6. Работнички 32
7. Македонија ЃП 30
8. Силекс 24
9. Беласица 22
10. Победа 18 (-1)
Фото: ФК Вардар