Вардарци во среда со почеток од 20 часот го играат мечот на своите кариери. Фудбалерите на македонскиот шампион можат да бидат запишани со златни букви во историјата на „црвено-црните“ како први кои се пласирале во групна фаза од големо европско натпреварување.
Вардар денеска го одржа последниот тренинг во Скопје, се одработија тактичките варијанти со кои ќе се обиде да му се спротивстави на Копенхаген и да ја сочува предноста од 1-0.
Тимот утре со чартер лет заминува за Копенхаген. Во терминот на одигрување на мечот ќе има тренинг на стадионот „Телиа Паркен“, а претходно ќе биде одржана редовната прес конференција.
Вардар со 1-0 победи на натпреварот во Скопје и се наоѓа пред најголемата шанса од своето постоење да влезе во групна фаза од европско натпреварување, Лигата на шампионите или Лига Европа.
Натпреварот помеѓу Вардар и Копенхаген се игра во среда на 2. август со почеток од 20 часот, ТВ Нова ќе врши директен пренос.
Фото: ФК Вардар