Вардар го чекаат најмалку 2,6 милиони евра по историскиот успех и пласманот во групната фаза од Лига Европа!

by
1 минути читање

„Црвено-црните“
испишуваат нова историја откако вечерва и по втор пат го совладаа Фенербахче.

По триумфот од
2-0 во Скопје, Вардар стигна и до победа од 1-2 на гостувањето во Истанбул.

Шампионот на Македонија за прв пат ќе игра во групната фаза од Лига Европа, а
фудбалските љубители ќе уживаат на фудбалска есен во Европа.

Историскиот успех
на Вардар ќе му донесе и супер заработка, со елиминацијата на Фенербахче, веќе
му се загарантирани 2,6 милиони евра.

Секоја победа во
групната фаза ќе носи 360.000 евра, а секое реми 120.000 евра. Вардар исто така
ќе добие и дел од колачот вреден 160 милиони евра, односно сумата од ТВ права и
спонзорски договори која УЕФА им ја дели на клубовите кои учествуваат во
најмасовното европско натпреварување.

„Црвено-црните“ исто така ќе заработата и неколку милиони евра од продажба на
билети, а веќе инкасира 1 милион евра (580.000 евра за успехот против Малме и
420.000 евра за елиминацијата од Копенхаген во Лигата на шампионите).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани