574
Македонскиот
првак Вардар идниот четврток на домашен терен пред своја публика го пречекува
шпански Реал Сосиедад во третото коло од групата „Л“ од Лига Европа, по двата
порази од Зенит (0-5) и Розенборг (3-1).
По мечот во
Скопје, за избраниците на Чеде Јаневски следи гостување во Сан Себастијан,
токму против Реал Сосиедад, а од македонскиот првак на својот официјален
клупски сајт излегоа со повик до нивните навивачи да бидат на арената во Сан
Себастијан.
„Фудбалскиот
клуб Вардар овозможува патување со „црвено-црните“ на ова гостување на
симпатизери на клубот во ограничен број“ пишува во објавата на сајтот на
Вардар.
Извор: fkvardar.mk
Фото-вест: 24фудбал (архива, Вардар-Зенит)