Вардар ги почна подготовките под водство на Никола Илиевски – Џиџи

by
0 минути читање

Вардар убедливо последен ги стартуваше подготовкитие за новата сезона. Откако претходно беа направени тествоите за ковид-19, фудбалерите ги почнаа тренинзите.

Помошници на Џиџи ќе му бидат поранешните вардарови капитени, Бобан Грнчаров, Златко Таневски, Никола Глигоров и Филип Ивановски. Тренер на голманите и понатаму ќе биде Саша Илиќ, а кондициски тренер е Михајло Шејкероски.

Од поискусните играчи во тимот останаа Дејан Блажевски, Филип Петковски, Бојан Најденов, Виктор Велкоски, Филип Илиќ… тимот ќе биде надополнет со играчи од младинскиот погон.

Фото: ФК Вардар – Денис Дуковски

Можно е и ова да ти се допаѓа

×