Претседателот на Вардар, Миленко Неделковски ги соопшти цените на билетите за хуманитарниот меч со Црвена звезда кој ќе се одигра на 16 април и начинот на продажба.
Билетите за јужната и северната трибина ќе чинат 200 денари, а за запад и исток по 100 денари.
Влезот ќе биде бесплатен за деца од основните школи од Кочани кои организирано би дошле на натпреварот.
Во продолжение ви ја пренесуваме целата изјава на Миленко Неделковски која се однесува и на нова тура вратени долгови.
„Клубот сериозно се впушти во финансиската консолидација, што пред се значи исплаќање на пари кон луѓето што ни ја имаат блокирано сметката со извршни решенија.
Лично, како човек, ме погодува фактот дека НИТУ ЕДЕН од тие што примија огромни суми на пари не најде за сходно еден мал дел (од каматите ако не од главницата) да донира за фамилиите на настраданите од Кочанската трагедија?! Или да донира за деца без родители, или за Младинската школа на Вардар!!! За жал, тоа е реалноста за тие ликови.
Одблокирањето продолжи и денеска:
- Билјана Блажевска – 1.662.502 денари
- Телеком – 181.212 денари
- Сарана Трејд – 2.314.142 денари
- Бојан Захариев – 1.400.000 денари плус камати.
Информација за оние што се интересираат за билети за хуманитарниот со Ц. Ѕвезда:
Билетите ќе се продаваат исклучиво преку платформа (исто како што ФФМ сега продава за Велс).
Југ и Север 200 денари, Запад и Исток 100.
Бесплатно за децата од основните школи од Кочани што организирано би дошле.
Сите други плаќаат, почнувајќи од мене и Претседателот на ФФМ до секој добронамерник и хумана личност што ќе дојде на натпреварот”, се вели во соопштението на Миленко Неделковски.