Вардар е тим со најмногу победи помеѓу непоразените во Европа! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Вардар игра одлично од почетокот на сезоната и по 15 кола е лидер во домашното првенство, но и единствен непоразен тим во првенството.

Вардар во 15 одиграни средби има учинок од 12 победи и три нерешени средби, Струга е зад „црвено-црните“ со 12 победи, две нерешени и еден пораз со што има 38 бода, од помалку од Вардар.

Со ваквиот учинок Врдар е и помеѓу тимовите во Европа кои одиграле најмногу натпревари, а и понатаму не загубиле натпревар.

На оваа листа избраниците на Гоце Седлоски се наоѓаат на второто меесто и повеќе натпревари без пораз има само Славија Прага која е на врвот со 17. Сепак, чешкиот тим има дури шест нерешени средби и 11 победи, па така вардарци во ова  друштво имаат најмногу триумфи.

Зад Вардар следат: Фенербахче (9-5), Диферданџ (10-3), Баерн (11-1), Порто (11-1), Бенфика (8-4), Тре Фиори (8-3), Ла Фиорита (6-5), Линколн (8-1).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×