Екипата на Вардар
славеше со 3-1 над Малме во реванш средбата од второто квалификациско коло за
елитното европско клупско натпреварување, во мечот кој се одигра на стадионот „Младост“
во Струмица. По првите 45 минути игра гостите имаа минимално водство, но притоа
и неколку „подароци“ од главниот делител на правдата од реванш средбата.
Доста тензично
беше во првото полувреме, имаше и мал инцидент на трибините каде дојде до излив
до реакциите на вардаровите навивачи по контроверзните одлуки на украинскиот
арбитар Жабченко, за ова пренесоа и медиумите во Шведска.
Вардар почна
добро, Малме немаше игра но прв дојде до водство и тоа од пенал по прекршокот
што го направи Гачевски во 15. минута над Бергет. Сигурен реализатор од белата
точка минута подоцна беше Розенберг.
По одлуката за
удар од белата точка почна скандирањето „УЕФА мафија“ од трибините на стадионот
„Младост“, за ситуацијата од пеналот не можеше да му се забележи на Забченко,
но ситуацијата кулминираше три минути потоа.
Балотели
предводеше контра на нашиот претставник а спречен со намера беше од Брорсон кој
наместо исклучување, заработи само жолт картон, оваа одлука на главниот арбитар
наиде на големо незадоволство од трибините.
Брорсон можеше и
требаше да заработи исклучување во 34. минута по прекршокот над Барсегјан,
доста остар, но фудбалерот на шведскиот првак мина само со опомена во оваа ситуација.
На три минути
пред истекот на регуларните 45 минути игра во првиот дел кобно можеше да заврши
невниманието на вардаровата одбрана, но Јотун биеше непрецизно од изгледна
прилика која можеше лесно да се претвори во гол за гостите.
Во самиот финиш,
во судиското продолжение на првиот дел можеше да дојде до најстрога казна
во корист на Вардар, но украинскиот
арбитар не го санкционираше играњето со рака на Левицки по нафрлената топка во
казнениот простор на гостинската екипа.
Во две минути
игра во вториот дел, две прилики, како на едната, така и на другата страна.
Најпрво Малме преку Бергет во 50. минута имаше убава прилика за дуплирање на
водството, но тоа мина неуспешно.
Минута подоцна Спировски почувствува дека гостинскиот голман
е напред и дека може да го изненади при една ситуација од прекин, беше тоа
нафрлена топка во вид на удар, но невниманието на гостинскиот голман мина неказнето.
Вардар продолжи
со атак кон противничкиот гол, но ударот на Новак во 54. минута заврши во конструкцијата од голот на Малме.
Наградата за доминацијата на Вардар стигна во 56. минута,
откако по нафрлената топка од страна на Фелипе, успешно во мрежата од голот на
противникот биеше капитенот на нашиот шампион, искусниот дефанзивец Бобан
Грнчаров. Вардар израмни на 1-1, но
не застана тука…
Четири минути по
израмнувањето, прекршок над Фелипе беше направен во казнениот простор на
гостинската екипа, Јотун фаулираше за удар од белата точка.
Фелипе не беше
успешен во обидот, но Барсегјан искористи отпадок и направи комплетен
резултатски пресврт на мечот во Струмица, доведувајќи го Вардар во водство од
2-1.
Вардар со мирна
игра не само што го одржа водството од 2-1 се до финишот од средбата, иако Малме имаше
мини-доминација во последната фаза од мечот, туку и дојде до водство од 3-1 преку Николов во 90. минута, со што стави точка на сите дилеми.
Претходно, нашиот претставник можеше да ја
потврди победата и прогресот во 82. минута, кога Брдаровски повлече контра,
додаде до Балотели кој не се снајде во допирот со топката.
Вардар: Гачевски, Грнчаров, Спировски, Барсегјан (Брдаровски 73’), Глигоров (Блажевски 46’), Хамбарѕумјан,
Николов, Новак, Демири, Фелипе и Балотели.
Вардарци својот
противник во третата рунда квалификации за Лигата на шампионите ќе го дознаат
утре, со реванш натпреварот помеѓу Копенхаген (Данска) и Жилина (Словачка),
откако во првиот меч данскиот претставник славеше на гости со 1-3.
Првиот меч
избраниците на Гоце Седлоски го играат на гостински терен (25. јули), реванш
средбата ја играат на домашен терен пред своја публика (01. август).
Ристе Ѓорѓиевски