286
„Блу Скај“ од денеска е нов сопственик на ФК Вардар, Слободан Крстевски е новиот прв човек на клубот.
Сергеј Самсоненко е минато, но рускиот бизнисмен ветил дека во наредниот период ќе го подмири својот долг.
Во текот на утрешниот ден фудбалерите ќе ги направат лекарските прегледи, а првиот тренинг е закажан за 10. јули на Арената „Тодор Проески“.
Новиот тренер на Вардарци е Горан Симов, тој на располагање ќе има 13 искусни фудбалери кои останаа во клкубот, на нив ќе бидат додадени и младинци, но се очекуваат и неколку нови фудбалери кои треба да го направат тимот посилен.
Во новата сезона Вардар ќе цели кон експресно враќање во Првата македонска лига.