Вардар доби казна поради националистичко скандирање на навивачите

by bojan
1 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија го казни Вардар поради националистичко скандирање на навивачите, „црвено-црните“ ќе играат еден натпревар без публика, а ќе плати и парична глоба во износ од 5.000 евра.

Натпреварот помеѓу Вардар и Башкими беше одбележан со инцидент на теренот во финишот, како и недолични скандирања од трибините.

Па денеска, на вонредна седница на Дисциплинската комисија при ФФМ, беше изречена казна за „црвено-црните“.

Како што брифираа од ФФМ, поради националистичко скандирање од навивачите на ФК Вардар, како и користење на недозволени пиротехнички средства, лидерот во ПМФЛ ќе игра еден натпревар без публика, а ќе плати и глоба во износ од 5.000 евра.

Од куќата на фудбалот додаваат дека одлуката на делегатот на натпреварот за изрекување опомена поради националистички скандирања е исправна, како и одлуката на судијата за привремен прекин на натпреварот.

Дисциплинската комисија исто така одлучи да отвори постапка против делегатот на натпреварот помеѓу ФК Шкендија Арачиново и ФК Преспа  поради недоставување на релевантни факти во врска со ситуацијата околу поставувањето на државното знаме на стадионот, како и други околности поврзани со организацијата и текот на натпреварот, односно присуство на неслужбени лица на теренот за време на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×