568
„Црвено-црните“ ја забележаа третата победа во низа откако попладнево пред своите фанови славеа со 1-0 над Шкупи.
Вардар доминираше на теренот, имаше и добри шанси, но реализацијата беше слаба.
Отпорот на гостите беше скршен дури во 58. минута од средбата, Барсегјан биеше прецизно по земја за 1-0.
Избраниците на Јаневски потоа имаа уште неколку шанси пред време да го решат прашањето околу победникот, но Зендели ја сочува сопствената мержа.