Вардар дел од елитната конкуренција во Мега Лигата, планирана да започне за две години

by
1 минути читање

Од Бугарија пристигнува идеја за спас на фудбалот на овие
простори, но зад истата се уште не застанала ниту една Фудбалска федерација или
пак сојуз, ниту пак ФИФА и УЕФА, па останува да се види како ќе се одвиваат
преговорите околу оваа идеја.

Се работи за Мега Лига 1, односно Мега Лига 2, во кои би
се натпреварувале клубови од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија,
Хрватска, Грција, Албанија, Кипар, Молдавија, Израел, Азербејџан, Грузија,
Ерменија, како и Македонија.

Во првиот ранг на натпреварувањето учество ќе земат 20
екипи, а во истата елитна конкуренција е вметнат и актуелниот македонски првак
Вардар.

Инаку ова е проект кој се планира да стартува од сезоната
2019/20, а истиот е изработен од организацијата „Мега лига фондација“ и
доставен до Европската куќа на фудбалот.

Финансиската заработка од продажбата
на ТВ правата би можела да достигне и до 200 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани