Актуелниот лидер во македонското првенство ја почна потрагата по новиот тренер кој треба да го преземе кормилото од Гоце Седлоски по крајот на оваа сезона, во опција се странски, но и домашни имиња.
Вардар ја составил листата на можни наследници на Седлоски, како најатрактивно име на неа е Аргентинецот Кристијан Фабијани кој последно го предводел Њуел Олд Бојс. Со него активно се водат преговори, тој е и најскапа опција за црвено-црните.
Има и други странски имиња на листата, меѓу нив се Пјотр Височански од Полска кој работел за тамошната репрезентација до 19 години, како и младиот Французин Ромаин Фолз кој има само 35 години, но веќе седумгодишно тренерско искуство. Французинот водел неколку африкански екипи.
Меѓу македонските опции се Матија Мирков кој е како актуелен помошник би го продолжил континуитетот на досегашната работа, а опции се и искусниот Борче Христов како и актуелниот тренер на Детонит, Горан Здравков.