Вардар без сили за изненадување, Реал Сосиедад лесно до нова победа (ВИДЕО)

by
4 минути читање

Вардар стигна до нов
пораз во Лига Европа, но за среќа не така убедлив како претходно, Реал Сосиедад
славеше со 3-0 пред својата публика во четвртото коло од групата „Л“ во Лига
Европа.

Мирно тргнаа и едните и
другите во првото полувреме, а домаќините имаа голема доминација во почетната
фаза, за тоа најдобро говори тоа што Реал Сосиедад имаше 77% посед на топката
до 14. минута, но Вардар добро покриваше.

Зурутуза ја имаше првата
посериозна шанса на мечот во 15. минута, но неговиот обид мина крај левиот
дирек на вардаровиот гол.

Домаќините полека но
сигурно ја плетеа мрежата околу голот на црвено-црните, па стигна нова шанса, и
тоа на Навас во 22. минута, но интервенција имаше Гачевски.

Вардаровиот голман
одлично го бранеше својот гол, а следеше нова интервенција три минути подоцна
откако го одбрани ударот на Ојарзабал кој беше доста прецизен, а на одбиената
топка реагираше Хуанми кој ја затресе мрежата, но од офсајд ситуација.

Голот од офсајд на
Хуанми беше оправдано поништен, а само неколку минути подоцна истиот фудбалер
го постигна водечкиот гол за Реал Сосиедад во 31. минута од мечот во Сан
Себастијан.

Хуанми можеше да го
дуплира водството на домаќините во финишот од првиот дел, но на сцена повторно
настапи Гачевски кој со фантастична интервенција го одржа во живот нашиот
шампион на овој меч.

Единствената шанса а
воедно и удар за Вардар од првото полувреме беше оној на Марковиќ кој и не беше
толку опасен кон голот на домаќините.

На стартот од второто
полувреме избраниците на Чеде Јаневски малку се ослободија, па играа нешто
поопуштено во однос на првото полувреме каде цели 45 минуги беа во грч.

Сепак, домаќините дојдоа
и до втор гол, Гачевски капитулираше повторно откако Де ла Бела доби шанса која
не се пропушта, во 70. минута биеше со топовски удар за 2-0 при неговиот волеј
удар по нафрлена топка.

И повторно статична
вардаровата одбрана, овој пат во 82. минута при голот на Баутиста, а одлична
асистенција имаше Каналјес во оваа ситуација.

Следен предизвик за
црвено-црните е гостувањето кај Зенит на 23-ти овој месец.

Вардар: Гачевски,
Глишиќ
(Велковски
64
’),
Грнчаров, Новак, Хамбарѕумјан, Марковиќ (Муслиу
64’),
Николов, Фелипе, Џигаури, Итало и Барсегјан (Блажевски 75
).

Мечот во Сан Себастијан
го судеше австрискиот арбитар Роберт Шоргенхофер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани