Вардар без проблеми против Струга, гостите со празни раце ова коло

by
1 минути читање

Домаќините со
100% учинок во 5. коло од ПМФЛ, гостите со празни раце си заминаа од четири
натпревари.

На арената „Тоше
Проески“, Вардар немаше проблеми со Струга и ја забележа најубедливата победа
оваа сезона. Откако мрежите мируваа во првото полувреме, Жунињо два пати погоди
во продолжението а Најдовски ги постави конечните 3-0.

Со истиот
резултат, Шкендија ја доби пресметката против Работнички и се радува на првата
победа оваа сезона.

Македонија ЃП со
3-1 триумфираше против Борец, а Шкупи со минимална победа од 1-0 над Силекс ја
заокружи доминацијата на домаќините која започна синоќа со славјето на
Акаедмија Пандев против Ренова.

Фото: ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

×