Варан: Лага е дека не сум среќен во Реал Мадрид

by
1 минути читање

Рафаел Варан ги
отфрли шпекулациите дека не е среќен во Реал Мадрид, а воедно и демантираше
потенцијален трансфер во Манчестер јунајтед.

Светскиот првак
Франција тргна со победа кај Молдавија со 1-4 на стартот од квалификациите за
ЕП 2020, а дефанзивецот по тој меч беше запрашан и за неговиот статус во Реал
Мадрид, самиот тој демантираше дека не е среќен во клубот.

Не е точно тоа
дека не сум среќен во Реал Мадрид. Јас во моментов сум член на тој клуб,
најголемиот во светот. Постојано се предизвикувам себе си бидејќи барањата во
тој клуб а воедно и работата се на едно високо ниво, фокусиран сум максимално
на мојата кариера
“ рече Варан.

Минуваме низ
навистина тежок период во средината од сезоната каде едноставно мораме да
дадеме се
од себе и да се
бориме. Го давам максимумот од себе во тој дрес и можам да бидам горд на тоа.
Едноставно не можам да контролирам се
што ќе пишуваат медиумите, имаме тешка сезона, проблемот е кога сте тивка
особа а слушате разни работи за вас, на кои зборувате многу малку, јас сум
дискретна особа
“ додаде Францизинот.

Извесно е дека
враќањето на Зинедин Зидан на клупата на шпанскиот гигант ќе промени многу, се
вели дека Кралевите на лето ќе променат многу во својот состав, но Варан ќе остане,
и тоа на желба на неговиот сонародник Зидан кој силно посакува соработката да
продолжи помеѓу двајцата, за што извести Марка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×