Челси се врати од два гола негатива на гостувањето на Вила Парк, во последните мигови избраниците
на Маурисио Покетино на кратко се ираздуваа и на гол за победа, но ВАР замеша
прсти и на крајот бодовите беа поделени.
Астон Вила поведе
рано, Кукуреља во 4. минута си ја затресе сопствената мрежа за предност на домаќините
од 1-0. Пред крајот на првиот дел, Роџерс реализираше за 2-0.
Но „сините“ не се
предадоа, Мадуеке во 62. минута намали на 2-1, за потоа Галагер да изедначи на
2-2 во 81. минута.
Длабоко во
судиското надоплнување, Дисаси погоди за 2-3 и голема радост, но тогаш на сцена
стапи ВАР, кој го поништи голот и спречи магичен кам-бек на Челси.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.