Реал Мадрд вечерва во последниот натпревар од третот около во Ла Лига славеше победа над Мајорка со 2-1, а посебно е интересно што на „кралевите“ во овој натпревар им беа поништени дури три гола.
Прво мрежата домаќините ја затресоа во седмата минута кога погод Мбапе, меѓутоа реагираше ВАР и голот беше поништен.
Мајорка стигна до воддство во 18-тата минута кога погоди Муриќи. За израмнување е погрижи Ѓулер во 37-та минута, само една минута подоцна Винисиус донесе и целосен пресврт. Во завршницата од првиот дел видовме и уште еден поништен гол.
Во вториот дел не видовме погодоци, еден на Ѓулер во 55. минута беше поништен поради играње со рака.
Со овој триумф „кралевите“ останаа перфектни откако претходно во првите две кола беа подобри од Осасун и Овиедо.